Клубовите во шпанската Ла лига потрошија повеќе од 1 милијарда евра за трансфери, иако има уште повеќе од два месеци до крајот на летниот пероден рок во Шпанија, пренесува агенцијата „Анадолу“.
Во моментов, парите за трансфери потрошени од на Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид сочинуваат 70 отсто од сите средства платени за нови играчи на трансфер-пазарот во Шпанија. Медиумите забележуваат дека сите три шпански гинанти издвоија повеќе пари за нови играчи оваа година, во споредба со минатата.
Реал Мадрид, кои веќе потпишаа со Еден Азар, Едер Милитао, Ферланд Менди, Лука Јовиќ и Родридо Гоеш, моментално имаат потрошено највеќе пари во Ла лига, односно 303 милиони евра.
Барселона издвои 236 милиони евра за да ги купи Антоан Гризман, Френки де Јонг, Норберто Мурара, Емерсон де Соуза и Лудовик Реис од почетокот на трансфер-периодот.
Атлетико Мадрид пак, исплати 126 милиони за 19-годишниот напаѓач од Португалија, Жоао Феликс од Бенфика, кој во мометов е највисокиот трансфер за ова лето во Шпанија. Тие исто така платија и 206 милиони евра за Фелипе Монтеиро, Маркос Љоренте, Ренан Лоди и Иван Шапоњиќ.
За разлика од Реал и Барса, Атлетико освен што купуваше, заработи и 313 милиони евра од продажбата на Гризман, Лукас Ернандез, Родри Ернандез, Желсон Мартинс, Лучиано Вието и Бернард Менсах.
Шест од десетте најскапи трансфери досега во Европа беа од шпански клубови, што во минатото беше највообичаено за англиската Премиер-лига. Трансферите на Жоао Феликс (126 милиони евра), Антоан Гризман (120 милиони евра) и Еден Азар (100 милиони евра) досега се највисоките трансфери за ова лето во Шпанија.