Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред натпреварот со Вотфорд се пошегува коментирајќи ја можноста за воспоставување на клупски рекорд. Ако Ливерпул не прими гол ќе го оствари најдобриот резултат во историјата во оваа статистика. Досега, по 13 рунди „црвените“ имаат пет примени гола.
– Не го знаев тоа. Па, сега ќе излезам со 11 бранители на терен за да се уверам дека го поставивме овој рекорд – се пошегува Клоп.
Потоа додаде: „Рекорд не е нашата главна цел. Играме за победа. Ако не примиме гол ќе биде полесно, но утре ќе биде тешко тоа да се направи. Вотфорд не е случајно на седмото место на табелата“.
Натпреварот се игра утре во Вотфорд со почеток во 16 часот.