Премиер-лигата во октомври објави дека 68 отсто од сите играчи ги примиле двете дози вакцина и дека 81 отсто примиле барем една
ФУДБАЛ – АНГЛИЈА
Клубовите од Премиер-лигата ќе ги разгледуваат клаузулите во новите договори со кои ќе се гарантира дека играчите се целосно вакцинирани против ковид-19, пишува британскиот весник „Телеграф“.
Мешавината заштитени и незаштитени играчи предизвикува загриженост за безбедноста во случај на појава на коронавирус во клубовите. Беше објавено и дека Баерн им ги намалил платите на петмина невакцинирани играчи, кои биле принудени да бидат во карантин поради контакт со позитивно лице на ковид-19.
Премиер-лигата во октомври објави дека 68 отсто од сите играчи ги примиле двете дози вакцина и дека 81 отсто примиле барем една.
Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт, во почетокот од сезонава зборуваше за играчите што живеат во страв поради реакцијата на јавноста доколку зборуваат за вакцинација. „Луѓето се мошне злобни со коментарите. Тоа ве тера да размислите двапати дали да зборувате јавно“, изјави Саутгејт.