Германскиот фудбалер Сами Кедира го продолжи договорот со Јувентус до 2021 година, објави италијанскиот шампион на својата веб страница.
Играчот од средниот ред, кој пристигна во Јувентус пред три години од Реал Мадрид, досега за „старата дама“ одигра 112 натпревари и постигна 20 гола.
Кедира досега освои три последователни шампионски титули со Јувентус, а два пати играше финале во Лигата на шампионите (2015 и 2017 година).
За репрезентацијата на Германија, со која стана светски шампион 2014 во Бразил, има 77 настапи и седум гола.