ФУДБАЛ

Катар е заинтересиран да биде домаќин на Летните олимписки игри (ЛОИ) во 2032 година. Индија, Австралија (државата Квинсленд), кинескиот град Шангај, потенцијалната заедничка понуда на Јужна и Северна Кореја, исто така, се сметаат за интересенти за организација на Игрите во 2032 година. Следните Игри се закажани за 2021 година, во јапонскиот главен град Токио (одложени од годинава), потоа следуваат ЛОИ во 2024 година во Париз (Франција), а потоа во 2028 година во Лос Анџелес (САД).