Легендарниот бразилски фудбалер Роберто Карлос, смета дека неговата земја е фаворит за освојување на Светското првенство во Русија.
Дел од експертската јавност се на мислење дека „Селесао“ не се она ниво што беа пред неколку години и се сомневаат во способноста на земјата да го крене трофејот во најпрестижното фудбалско натпреварување.
Очигледно, сепак, поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид не го споделува ова мислење.
– Бразил, според мене, е фаворит за освојување на Светското првенство. Јас сум Бразилец сепак, и би сакал многу да го освоиме светскиот Куп. Гледам како игра екипата и по мое мислење ниту еден национален тим не се претставува толку силно како нас, рече Карлос.
Тој додаде дека Бразил не е само Нејмар и дека тимот го води одличен тренер.
Бразил е во група со Србија, Швајцарија и Костарика.