Напаѓачот на Лос Анџелес, Мексиканецот Карлос Вела, е прогласен за најкорисен играч (МВП) во американската фудбалска лига (МЛС) за 2019 година (награда „Лендон Донован“), најмногу поради рекордниот број погодоци, 34, во регуларниот дел од сезоната и во плејофот, а имаше и 15 асистенции.
Вела (30) доби повеќе од 69 отсто од гласовите, пред ривалот од Лос Анџелес галакси, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ (постигна 31 гол), кој доби 14,1 отсто од гласовите.
Вела „процвета“ во МЛС по доаѓањето во Лос Анџелес, во август 2017 година, по шесте години во шпански Реал Сосиедад. Минатиот месец признанието за тренер на годината во МЛС го доби Боб Бредли од Лос Анџелес, третпат по ред.