Фудбалерите на Силекс се елиминирани од квалификациите за Лигата на шампионите по убедливиот пораз на гостувањето кај азербејџански Карабах од 0-4 во првото коло.
Азербејџанскиот првак кој е редовен учесник на групната фаза на европските купови во изминатите шест сезони (еднаш во Лигата на шампионите и петпати во Лига Европа) ја оправда фаворитската улога против кратовци.
Карабах стигна до победата со головите на Хајме Ромеро во 11-та минута, Доналд-Вилде Гериер во 40-та и во 51-та минута и на Махир Ермели во 80-та минута. Иван Ивановски ја пропушти најизгледната прилика за македонскиот претставник кога ја погоди гредата во 55-та минута.
Карабах во следната рудна ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу молдавски Шериф Тираспол и Фола Еш од Луксембург.