Македонската фудбалска репрезентација утре ќе гостува во Талин кај Естонија во рамките на третото коло во Лигата на нации. Во првите две кола во групата Македонија ја победи Ерменија со 2-1 и одигра 1-1 во Грузија.
Во пресрет на пресметката со Естонците селекторот на националниот тим Игор Ангеловски се соочува со кадровски проблеми. Поради повреди со кои се здобија на дуелот со Косово против Естонија нема да играат Аријан Адеми, Егзон Бејтулаи и Кристијан Тошевски.
Под знак прашалник е и настапот на Стефан Ристовски.