Раководството на актуелниот европски фудбалски шампион Реал Мадрид за вечер во 19 часот свика итен состанок на кој ќе биде донесена конечна одлука за судбината на тренерот Хулен Лопетеги, објави „АС“.
Според изворот, лидерите на Реал Мадрид ќе донесат одлука за разрешување на Лопетеги.
Главниот кандидат за заземање на неговото место е Антонио Конте, кој претходно беше на чело на Челзи.
Вчера Реал Мадрид загуби од Барселона со резултат 5:1.
„Кралскиот клуб“ по 10 круга во Шпанскиот фудбалски шампионат се наоѓа на деветтото место во табелата на шампионатот и има седум бода помалку од лидерот Барселона.