Интер е должен да генерира 40 милиони евра од продажба на фудбалери до 30 јуни 2019 година, за да ги исполни условите на финансискиот ферплеј, информира „Кориере дело Спорт“. 
 
Клубот е под мониторинг на УЕФА од сезоната 2015/16 и тешко може да си дозволи опуштање на пазарот за фудбалери.
 
За целта, „нероазурите“ ќе сторат сé што можат за да го продадат Габриел Барбоса, кој во моментов е позајмен во Сантош. На почетокот на 2019 година, цената на Бразилецот ќе изнесува 16,8 милиони, а Интер се надева дека ќе има некој кој ќе ја плати за неговите услуги. 
 
Другиот играч кој ќе биде продаден е Жоао Марио, за кој клубот ќе сака околу 18 милиони евра. 
 
Ако овие двајца фудбалери бидат продадени за споменатите пари, сметката пак нема да излезе, што ќе наметне разделба со уште некого.