Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ го продолжи договорот со Лос Анџелес галакси и ќе игра и понатаму во фудбалската МЛС-лига во САД.
Ибрахимовиќ порача дека „уште не завршил со МЛС-лигата“, во изјава објавена на клупскиот твитер-профил.
Претходно се шпекулираше дека Ибрахимовиќ ќе се врати во Милан, за да биде партнер во нападот со Гонзало Игуаин, но не дојде до реализација на трансферот.
– Среќни сме што повторно потпишавме со Златан, што значи дека тој ќе биде со нас во 2019 година. Тој ја покажа својата вредност во последната сезона. Со Ибрахимовиќ ќе се обидеме да го зајакнеме нашиот тим за следната сезона, изјавија од Галакси.