Зинедин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објави денеска францускиот фудбалски стручњак.
На прес-конференцијата, Зидан ги извести новинарите дека оваа одлука е негова и е донесена самостојно
– Овој тим треба да продолжи да победува, но мислам дека му треба промена, нов глас, други методи и затоа ја донесов оваа одлука…Го сакам овој клуб и претседателот што ми даде шанса да играм за него и да го водам клубот од моите соништа…Но, сė се менува и затоа донесов одлука да заминам – рече Зидан.
Под негово водство Реал изминатите три години ја освои Лигата на шампионите, двапати го подигна трофејот на Светското клупско првенство и Суепр купот на УЕФА, а има и една шампионска титула во Шпанија.