ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА
Во првите мечеви од шеснаесеттина финалето во Лига Европа (ЛЕ) минатиот четврток, на 16-те натпревари беа постигнати рекордни 59 гола, што е најмногу во едно коло во нокаут-рундата откако ова фудбалско натпреварување беше ребрендирано пред 12 години. Рекордот за една рунда во целина се случи лани кога во истата фаза беа постигнати 95 гола, бројка што е под сериозна закана и е добра најава за реванш-дуелите што ќе се играат в четврток (еден во среда).
УЕФА на својата интернет-страница за „натпревар на неделата“ го оквалификува дуелот Арсенал – Бенфика. „Немаме право на грешки“, ги предупредува своите соиграчи Букајо Сака, откако „топчиите“ ремизираа 1-1 и покрај тоа што доминираа на првиот натпревар игран во Рим. Пред 12 месеци, англискиот тим не искористи неколку зрели шанси против Олимпијакос и беше елиминиран со голот што го прими во последната минута од судиското продолжение.
Бруно Фернандес ја продолжи „љубовната врска“ со ЛЕ со двата гола во импресивната победа на Манчестер јунајтед на гости против Реал сосиедад, со 4-0. Фернандес има 16 погодоци и 10 асистенции на 25-те одиграни натпревари во ова натпреварување.
В среда играат Тотенхем – Волфсберг (прв меч 4-1), а в четврток се средбите Арсенал – Бенфика (1-1), Ренџерс – Антверпен (4-3), Вилјраеал – Салцбург (2-0), Хофенхајм – Молде (3-3), Наполи – Гранада (0-2), Шахтар – Макаби Тел Авив (2-0), Ајакс – Лил (2-1), Бриж – Динамо К. (1-1), Манчестер Ј. – Реал сосиедад (4-0), Милан – Црвена звезда (2-2), Лестер – Славија П. (0-0), Рома – Брага (2-0), Динамо З. – Краснодар (3-2), Баер – Јанг бојс (3-4), ПСВ – Олимпијакос (2-4).