Во името на „Нова Македонија“ и во мое лично име, голема благодарност за твојата мисија и твојата порака што ја упати до сите луѓе во Македонија, дека заедно можеме да постигнеме резултати, изјави македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин
Во името на „Нова Македонија“, најстариот македонски дневен весник, и во мое лично име, голема благодарност за твојата мисија и твојата порака што ја упати до сите луѓе во Македонија, дека заедно можеме да постигнеме резултати, изјави македонскиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин, подарувајќи му на Горан Пандев свои уметнички дела со цветни мотиви посветени на капитенот на македонската фудбалска репрезентација.
Поповски му подари на Пандев врамена уметничка слика со своја и посвета од редакцијата на „Нова Македонија“, по повод деби-настапот на македонската репрезентација на Европското првенство, потоа 38 минијатури, монографија, уште неколку уметнички слики, меѓу другите и за фудбалските клубови Академија Пандев и Џенова…
– Се заблагодарувам од срце на сево ова. Ова се прекрасни моменти за мене. Среќен сум што сум тука. Се надевам дека многу млади ќе тргнат по моите патеки и да се радуваме сите заедно – рече Пандев.
Во таа пригода, Поповски и Пандев заедно пуштија во воздух и 10 црвено-жолти балони исполнети со хелиум, кои со себе понесоа уште едно уметничко дело на Поповски со пораката „фудбалот обединува“.