Во рамките на 3-то коло од втората фудбалска лига – запад попладнево на стадионот на ФК Башкими во Куманово екипата на Гоблен Јуниор како домаќин против екипата на Пелистер од Битола одиграа нерешено 0:0.
Фудбалерите на Гоблен Јуниор и во вториот натпревар пред своите гледачи како домаќини не ја искористија предноста на домашниот терен и уште еднаш ремизираа, овој пат против солидната екипа на ФК Пелистер од Битола со што ја продолжија успешната серија, па и по три одиграни кола останаа сеуште непоразени.
Што се однесува пак до самиот натпревар тој воглавном помина во изедначена игра од страна на двете екипи на кои што им припадна по едно полувреме така што на домаќините им припадна првото полувреме во кое што пропуштија неколку поволни прилики за постигнување на гол од кои што најдобрата прилика беше онаа во 33-та минута кога домашниот фудбалер Албер Алили не искористи удар од единаесет метри при тоа шутирајки непрецизно и високо преку голот. Во второто полувреме пак гостите од Битола ги консолидираа своите редови и имаа свои успешни периоди кога преку контра напади неколку пати опасно се заканија кон домашниот гол но одбранбените фудбалери на Гоблен Јуниор секогаш успешно интервенираа при што на гостинските фудбалери не им дозволија да стигнат до погодок.
Се на се во еден многу фер и коректен натпревар на крајот на двете екипи им припадна по еден бод со кој што и двете екипи на крајот задоволни го напуштија стадионот.
Во нареднто 4-то коло екипата на Гоблен Јуниор на гостински терен се среќава со екипата на ФК Гостивар АД во Гостивар.
Т.Д.