25 години македонска фудбалска репрезентација
Македонската фудбалска репрезентација за 25 години постоење одигра и пет неофицијални интернационални натпревари, уште пет на Б-репрезентацијата и еден прекинат меч поради неповолни временски услови. Средби што не се бележат во архивите на Светската фудбалска федерација (ФИФА) се, на пример, натпреварите со шпанските провинции Астурија (23 декември 2000 година, пораз со 0-1 во Овиедо) и Баскија (28 декември 2002, 1-1, во Билбао) и со клубовите Спартак Варна од Бугарија (25 јули 2000, 0-1, во Варна), Хајдук од Хрватска (11 февруари 2003, 1-1 во Сплит) и со Торе Леванте од Шпанија (4 септември 2014, 4-0, во Валенсија).
Згора, Б-репрезентацијата на Македонија одигра пет меча во периодот од 2005 до 2010 година, и тоа со Парагвај (0-1), Иран (2-1), Буркина Фасо (0-2), Оман (0-0) и со Јемен (1-0), сите на гости или на неутрален терен.
Македонија има и еден неважечки, пријателски натпревар, тој со репрезентацијата на Унгарија во Скопје, на 15 ноември 2000 година, кој по првото полувреме (0-1), беше прекинат поради густа магла.