ЛА ЛИГА

Мемфис Депај го даде првиот гол за Барселона по трансферот од Лион летово, која ремизира на гости со Атлетик, 1-1, на мечот на кој директен црвен картон доби Ерик Гарсија во судиското продолжение. На стадионот „Сан Мамеш“ во Билбао, кој е со капацитет од 53.000 места, на овој натпревар имаше 11.000 навивачи поради ограничувањата за ковид-19, кои постепено се намалуваат во Ла лига.

Доцниот гол на Фернандо Нино ѝ донесе победа на Мајорка над Алавес, 1-0, а дефанзивецот Рубен Дуарте беше исклучен во второто полувреме. Доцното израмнување на Карлос Солер од пенал ѝ донесе реми на Валенсија со Гранада, 1-1. Мечот помеѓу Еспањол и Вилјареал заврши 0-0, што е второ реми без голови за тимот на Унаи Емери, по поразот на пенали од Челси во Суперкупот на УЕФА.