За да се сметаат како „двојни победници“, потребно е фудбалерите да настапиле во двете финалиња
ФУДБАЛ
Само девет играчи имаат триумфирано во Купот на европските шампиони (КЕШ) или во Лигата на шампионите (ЛШ), односно на Европското првенство (ЕП) во иста година, објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница. Последни на кои им успеа тоа беа Португалците Кристијано Роналдо и Пепе, во 2016 година. Тие со Реал Мадрид го освоија пехарот во ЛШ, а потоа со Португалија триумфираа и на ЕП во Франција. За да се сметаат како „двојни победници“, потребно е фудбалерите да настапиле во двете финалиња.
За разлика од ЛШ, двојни победници во Лига Европа (ЛЕ)/Куп на УЕФА и на ЕП последен пат имаше во 1996-та. Тогаш со Баерн Минхен во Купот на УЕФА пехарот го освоија Маркус Бабел, Томас Хелмер, Томас Штрунц, Кристијан Циге, Мехмет Шол и Јирген Клинсман, а потоа со Германија победија и на ЕП во Англија.
Кој би можел да го стори тоа годинава? Во редовите на Челси, кој во финалето на ЛШ на 29 мај ќе игра против Манчестер јунајтед, потенцијални кандидати се: Матео Ковачиќ (Хрватска), Андреас Кристенсен (Данска), Тами Абрахам, Бен Чилвел, Калум Хадсон-Одои, Рис Џејмс, Мејсон Маунт (Англија); Оливие Жиру, Н’Голо Канте, Курт Зума (Франција); Каи Хаверц, Антонио Ридигер, Тимо Вернер (Германија); Жоргињо, Емерсон Палмиери (Италија); Били Гилмор (Шкотска); Кепа Аризабалага, Цезар Аспиликуета, Маркос Алонсо (Шпанија).
Во Манчестер сити се: Кевин де Брујне (Белгија); Фил Фоден, Рахим Стерлинг, Џон Стоунс, Кајл Вокер (Англија); Бенџамин Менди (Франција), Илкај Гундоган (Германија); Натан Аке, Филип Сендлер (Холандија); Рубен Дијас, Бернардо Силва, Жоао Кансело (Португалија); Ерик Гарсија, Родри, Феран Торес, Емерик Лапорт (Шпанија) и Олександар Зинченко (Украина).
Двојни победници во КЕШ/ЛШ и на СП
1974 година: Сеп Маер, Паул Брајтнер, Ханс-Георг Шварценбек, Франц Бекенбауер, Герд Милер, Ули Хенес (Баерн и Западна Германија)
1998: Кристијан Карембу (Реал Мадрид и Франција)
2002: Роберто Карлос (Реал Мадрид и Бразил)
2018: Рафаел Варан (Реал Мадрид и Франција)
На Светското првенство во 2018 година, Рафаел Варан имаше двојно посебно чувство кога го зеде својот втор медал на големите победници летово, откако со Реал Мадрид го освои најважниот трофеј во европскиот клупски фудбал неколку недели претходно. Сами Кедира скоро се приклучи на истиот состав во 2014 година, но повредата на загревањето го спречи да се претстави во Германија во финалето на СП против Аргентина. Тој ја освои ЛШ на УЕФА со Реал Мадрид на помалку од два месеца порано.
Двојни победници во КЕШ/ЛШ и на ЕП
1964 година: Луис Суарез (Интер и Шпанија)
1988: Ханс ван Брукелен, Роналд Куман, Бери ван Ерле, Џералд Ваненбург (ПСВ и Холандија)
2012: Фернандо Торес, Хуан Мата (Челси и Шпанија)
2016 година: Кристијано Роналдо, Пепе (Реал и Португалија)
Вим Кифт не е на списокот иако го крена пехарот во КЕШ во 1988 година со ПСВ, оти не беше на клупата на Холандија во финалето на ЕП во 1988-та. Фудбалерот на Реал Мадрид, Никола Анелка ја доживеа истата судбина со Франција во 2000-та. Неговиот колега Кристијан Карембеу мина уште полошо, беше дел од францускиот тим во финалето на ЛШ и на ЕП 2000, но не настапи.