Во фудбалската репрезентација на Данска ќе бидат повикани играчи од мал фудбал и од пониски лиги доколку селектираните останат на намерата да бојкотираат.
Како што објавија тамошните медиуми, Фудбалската федерација на Данска има конфликтна ситуација. Репрезентативците одбиле да играат поради незадоволството од договорите со федерацијата.
Фудбалерите бараат партнерски однос околу одлучувањето за правата играчите. Тие имаат други договори, лично и со клубови, поради што постоеше конфликт на интереси.
Додека проблемот не е решен, данскиот национален тим не може да се формира за скорешниот пријателски натпревар со Словачка и дуелот во Лигата на нациите со Велс.
Затоа, федерацијата планира да привлече играчи од мал фудбал и од пониски лиги кои не го поддржуваат бојкотот и нема да имаат маркетиншки обврски.