И за годинашното Европско првенство во фудбал за одредување на најдобриот стрелец, во случај повеќе фудбалери да постигнат еднаков број голови, прво решаваат асистенциите, а потоа одиграните минути на континенталното првенство, како што беше, на пример, за Европското првенство во 2012 година. Тогаш Фернандо Торес од Шпанија ја освои „златната копачка“ со три гола, колку што имаа уште неколку фудбалери, тој имаше една асистенција, како и Марио Гомез од Германија, но Торес одигра помалку минути на тоа ЕП (189-282). По некомплетното трето коло, во водство на ЕП 2020 беше Кристијано Роналдо од Португалија со три гола и една асистенција, а по три погодока постигнаа и Патрик Шик од Чешка, Ромелу Лукаку од Белгија и Џорџинио Вајналдум од Холандија.

ДЕНЕСКА НА ЕП 2020
слободен ден

ОСМИНАФИНАЛЕ
1. Велс – Данска сабота, 18 ч.
2. Италија – Австрија сабота, 21 ч.
3. Холандија – 3Д/Е/Ф недела, 18 ч.
4. Белгија – 3А/Д/Е/Ф недела, 21 ч.
5. Хрватска – 2Е понеделник, 18 ч.
6. 1Ф – 3А/Б/Ц понеделник, 21 ч.
7. Англија – 2Ф вторник, 18 ч.
8. 1Е – 3А/Б/Ц/Д вторник, 21 ч.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
Победник 2 – Победник 4 2 јули
Победник 5 – Победник 6 2 јули
Победник 7 – Победник 8 3 јули
Победник 3 – Победник 1 3 јули