Покрај финалињата минатата недела само со англиски тимови во ЛШ и во ЛЕ, во август ќе се игра и Суперкупот на УЕФА со екипи од Англија, а ќе се сретнат Ливерпул и Челси

Првпат во куповите на Европската фудбалска унија (УЕФА) сите финалисти беа од една земја, во случајов од Англија, згора три клуба беа од ист град, Лондон. Во финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) на Европа во Мадрид (Шпанија) во саботатата Ливерпул го победи Тотенхем, а во натпреварот за трофејот во Лига Европа (ЛЕ) Челси славеше на дуелот против Арсенал, во Баку (Азербејџан).

Покрај тоа што се играа две сеанглиски европски финалиња, англиски дуел ќе биде и мечот за Суперкупот на УЕФА, во август, во Истанбул (Турција), во кој ќе играат освојувачите на трофеите во ЛШ, Ливерпул, и во ЛЕ, Челси. Од 2014 година само еден меч од Суперкупот беше со тимови од различни земји, тој во 2017 година во Скопје, кога играа Реал Мадрид од Шпанија и Манчестер јунајтед од Англија. Во трите суперкупа пред тоа, како и во тој во 2018 година играа исклучиво тимови од Шпанија, а годинава ќе играат англиски клубови.

Натпреварот годинава за Суперкупот на УЕФА ќе биде осми со тимови од една земја, првпат од Англија, откако претходно двапати се сретнаа екипи од Италија, а пет пати клубови од Шпанија. 


СУПЕРКУП НА УЕФА СО ТИМОВИ ОД ИСТА ЗЕМЈА

ГОД.    ЗЕМЈА          ДУЕЛ                   РЕЗ.
1990 Италија Милан – Самдорија 1-1, 2-0
1993 Италија Парма – Милан 0-1, 2-0
2006 Шпанија Севилја – Барселона 3-0
2014 Шпанија Реал – Севилја 2-0
2015 Шпанија Барселона – Севилја 5-4
2016 Шпанија Реал – Севилја 3-2
2018 Шпанија Атлетико – Реал 4-2