Дидие Дрогба (Брегот на Слоновата Коска) објави дека заминува во фудбалска пензија. Стрелецот на победоносниот гол од пенал во победата на Челси за европската титула во 2012 година во мечот од финалето со Баерн, изјави дека за неговата кариера клучен бил говорот што го одржал тренерот Жозе Мурињо, пишува „Еуроспорт“.
– По пристигнувањето во Челси во 2004 година бев во криза, посакував да се вратам во Марсеј, каде што бев единствен центарфор и каде што тимот играше за мене. Но тогаш го слушнав Мурињо во говорот во соблекувалната: „Знаете што, ако сакате да бидете единствен крал, тогаш одете во тимот од каде што дојдовте, постигнувајќи 100 гола или повеќе. Но тука, тука има 22 крала. Па, прифатете го тоа, работете заедно или заминете, вратете се таму од каде што сте дошле и бидете единствениот крал, каде што сите се зад вас“. Тогаш сфатив дека морам да напредувам и тоа беше предизвик и причина зошто станав фудбалер каков што станав – рече Дрогба.