Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференција пред натпреварот на „граѓаните“ во Лигата на шампиони, изјави дека расизмот е насекаде.
Неговата изјава уследи по расистичките навреди упатени кон напаѓачот Рахим Стирлинг.
– Расизмот не е само во фудбалот, туку насекаде. Треба да се бориме со сите средства, за да направиме една подобра иднина за луѓето по нас. Не е така само во Англија, туку на секое едно друго место – истакна Гвардиола на пресот пред мечот со Хофенхајм.
Кон Стирлинг имаше напади од страна на навивачите на Челзи, при поразот со 0:2 за Сити. Токму шефовите на „сините“ дадоа сериозна помош на полицијата, за да може да се откријат сторителите на делото, а на крајот четворица „фанови“ ги изгубија сезонските карти за посета на натпреварите на лондонскиот тим.