Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по освоената титула рече дека денешната титула е најтешко освоената во неговата тренерска кариера.
-Мораме да му честитаме на Ливерпул и да им се заблагодариме, нè туркаа напред до повисоки стандарди. Ова е неверојатно, 98 бода, ја одбранивме титулата. Минатата година ги подигнавме стандардите, а Ливерпул ни помогна, моравме да победиме на 14 меча во низа за да ја освоиме оваа титула. Ова е најтешко освоената титула во мојата тренерска кариера – изјави Гвардиола за британските медиуми.
Манчестер Сити е првата екипа која ја одбранила титулата во Премиерлигата од 2009 година кога тоа го стори Манчестер Јунајтед.