Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред утрешниот реванш натпревар против Ливерпул од четвртфиналето во Лигата на шампионите верува дека неговиот тим може да го надополни поразот од 3:0 во првиот меч.
– Мораме да одиграме совршен натпревар за да одиме понатаму – истакна Гвардиола.
Тој вели дека неговиот тим е исклучителен и дека може да покаже врвна игра.
Според тренерот на Сити со Ливерпул се познаваат добро и не смеат да се откажат дури и ако примат гол.
„Граѓаните“ дополнително беа демотивирани викендов со поразот од Манчесетер јунајтед од 2:3 иако имаа водство од два гола.
– Знам дека луѓето судат според резултатите, но играта на тимот беше врвна. Тоа е вистинска радост за било кој тренер – потенцира Гвардиола.
Тој не заборави да го спомене и инцидентот со навивачите на Ливерпул, кои го нападнаа автобусот на Сити, и додаде дека не очекува такво нешто да се случи во Манчестер.