Јужноамериканското дерби помеѓу Бразил и Аргентина е прекинато откако бразилските власти влегоа на теренот во Сао Паоло, тврдејќи дека четворица аргентински фудбалери ги прекршиле превентивните мерки против ширење на ковид-19. Мечот од квалификациите за Светското првенство во Катар в година, беше прекинат во четвртата минута.
Станува збор за Серхио Ромеро и Џовани Ло Селсо од Тотенхем, како и за двоецот на Астон вила, Емилијано Буендија и Емилијано Мартинез. Причината е што тие играат во англиската Премиер-лига, а Бразил наложува карантин за сите патници што доаѓаат од Велика Британија. Според неофицијални информации, четворицата Аргентинци во писмените изјави за влез во Бразил навеле дека не биле на територијата на Британија во скоро време.
Тие и пред мечот добиле наредба да го напуштат Бразил, но аргентинскиот селектор Лионел Скалони реши во почетната постава да ги стави Ло Селсо, Мартинез и Буендија.
Останува да се види каква ќе биде разврската, а допрва се очекуваат официјални информации од Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).