Развојот на помалите системи напредува и првите тестови со користење на системите „лајт ВАР“ се во тек. По сертификацијата на ВАР-системите, употребата на систем заверен од ФИФА ќе стане задолжителен од јули 2022 година

ФУДБАЛ

Во август во Стокхолм, Шведска, Светската фудбалска федерација (ФИФА) беше домаќин на тест-настан за давателите на системите за видеопомошник-судија (ВАР) за формално да ги сертифицираат своите системи, со учество на провајдери од Европа и од САД, пишува ФИФА на својата интернет-страница.
По успешното имплементирање на Светското првенство за мажи во 2018 година и на Светското првенство за жени во 2019 година, употребата на ВАР се забрза. Во моментов, над 100 натпреварувања ја користеле или ја користат технологијата за да им обезбедат на своите судии алатка за поддршка во ситуации што може да ја променат средбата.
Со сертификацијата на ВАР-системите, според новиот глобален стандард за квалитет на Програмата за квалитет на Светската фудбалска федерација, ФИФА го прави следниот чекор во обезбедувањето на организаторите на натпреварите насоки за техничкиот квалитет на различните ВАР-системи.
Користењето технологија ВАР во мечевите уште бара голем број компјутери, сервери, екрани и кабли. Додека развојот на помалите системи напредува и првите тестови со користење на системите „лајт ВАР“ се во тек, фокусот на тестирањето за квалитет на ФИФА е да се провери интеракцијата на целата поставеност и перформансите на системот во три главни области: латентност, синхронизираност и квалитет на видеото, пишува Светската фудбалска федерација.
По сертификацијата на ВАР-системите според новиот глобален стандард за квалитет, употребата на систем заверен од ФИФА ќе стане задолжителен од јули 2022 година.