Фудбалерите на Вардар беа поразени од Пјуник со 0-1 на денешното гостување во Ереван, во првиот меч од воведното квалификациско коло за Лига Европа.
Во првиот дел Пјуник дојде до водство од 1-0 со голот на Мохамед Конате во 28-та минута од натпреварот, а фудбалерите на Вардар до паузата не успеаја посериозно да се заканат на голот на домаќините.
Вардар во вториот дел се обиде да изврши посилен притисок и да стигне до израмнување, но фудбалерите на Пјуник ја зачуваа минималната предност доволна за победа.
Реваншот се игра за седум дена во Скопје.