Eкипата на Вардар денеска го доживеа и вториот пораз сезонава во Првата македонска фудбалска лига, откако во 14.коло од шампионатот беше минимално поразена од Шкупи на теренот во „Чаир“ со 1:0 (0:0).
Единствениот погодок за домаќините го постигна Да Луиз Серџо, кој со глава успеа да го најде патот до голот на Вардар во 56.минута.
До крајот на мечот и покрај иницијативата, Вардарци не успеаја да стигнат до израмнување, и барем до бод од ова гостување.
По ова коло следи пауза во домашниот шампионат, поради обврски на репрезентативците на Македонија.
Резултати ПМФЛ, 14.коло:
Беласица – Македонија Ѓорче Петров 1:4
Работнички – Шкендија 1:2
Ренова – Победа 2:1
Силекс – Академија Пандев 1:0
Шкупи – Вардар 1:0.
Табела:
1. Шкендија 31
2. Вардар 28
3. Академија Пандев 22
4. ФК Ренова 19
5. Победа 17…вз