Претседателот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) Крег Риди изјави дека анти-допинг службите на Светското фудбалско првенство во Русија биле добро организирани.
– Во ФИФА не постои систем со кој се тестираат само спортисти на СП. Не постојат толку многу инспекции меѓу првенствата. Сепак, На Мундијалот во Русија беа присутни многу експерти, главно за здравствена заштита, и јас сум убеден дека тестирање извршено од страна на ФИФА е направено мудро во согласност со нивните правила. Примероците беа анализирани во лабораторијата во Лозана, бидејќи московската лабораторија с уште нема акредитација, истакна Риди.
Јас ги немам сите резултати се уште, но колку што знам, од првата серија на проверка на примероци нема позитивни случаи на допинг. Ова е добро, додаде првиот човек на ВАДА.