Огромно е разочарувањето кај фудбалерите на Барселона по елиминацијата од Рома во четвртфиналето на Лигата на шампионите, а меѓу оние кој намногу ги боли тешкиот пораз (3:0) е Серхио Бускетс.
– Ова е најголем пораз во мојата кариера. Ја загубивме Лигата на шампионите, тие го искористија полниот стадион, создадоа вистински шанси, а ние изгледавме многу лошо. Рома заслужено оди понатаму, а за мене ова е најтешкиот пораз, уште еднаш нагласи Бускетс.
Каталонскиот тим последен пат трофеј во ЛШ освои во 2015 година.