Големото јужноамериканско фудбалско дерби Бразил – Аргентина е можната двојка од полуфиналето на Копа Америка, бидејќи двете репрезентации се најдоа во истата половина на ждрепката, откако Аргентина го освои второто место во својата група Б, а Бразил славеше во групата А.
За да се случи тоа Бразил прво мора да слави во четврт-финалето, каде што за противник ќе ја има третопласираната селекција од групата Б (Парагвај) или Ц (Уругвај, Јапонија или Еквадор), а Аргентина да ја совлада Венецуела.
Во другата половина од ждрепката засега се победникот на групата Б, Колумбија (во четврт-финалето ќе игра со второпласираната селекција од групата Ц) и третопласираниот од групата А, Перу (во четврт-финалето треба да игра со победникот во групата Ц).
Третопласиран во групата Б е Парагвај, а пред синоќешното трето коло во групата Ц водеше Чиле со шест бода, пред Уругвај со четири, Јапонија со еден и Еквадор без бодови. Од таа група сигурни четвртфиналисти се Чиле и Уругвај, но по третото коло ќе биде одреден пласманот во групата.
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
1. Бразил – трет од Б или Ц 27 јуни
2. Венецуела – Аргентина 28 јуни
3. Колумбија – втор од Ц 28 јуни
4. Победник Ц – Перу 29 јуни
ПОЛУФИНАЛЕ
Победник 1 – Победник 2 2 јули
Победник 3 – Победник 4 3 јули