Бока Јуниорс поднесе жалба во спортскиот арбитражен суд во Лозана со барање за службена победа во реваншот од финалето на Копа Либертадорес против Ривер Плата.
Првата средба заврши 2:2, а реваншот беше одложен откако навивачите на Ривер Плата го искршија клупскиот автобус на Бока, а некои од играчите на тимот настрадаа при нападот.
Натпреварот беше презакажан за 9 декември на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Бока се обрати кон КАС откако јужноамериканската фудбалска конфедерација ја отфрли жалбата на клубот да му биде доделен трофејот по службен пат.