ОД СТРУЧЕН АГОЛ

Европското фудбалско првенство полека дојде до својот крај. На него историски настап за македонската репрезентација, но сметам дека мораше и можеше повеќе. Искуството беше пресудно и верувам дека мора да се продолжи со настапи на вакви собири. Завршната фаза од нокаут-натпреварите на Европското првенство понуди многу атрактивен и интересен фудбал, дури со седум натпревари играни со продолженија, а тоа е податок дека квалитетот на селекциите е изедначен.
Видовме многу трансформации во системот од почетокот до самиот крај, промена на тактики, во зависност од противникот, но тоа што остави белег се брзата трансформација, многу густина на линиите во дефанзивата, трка по целиот терен, игра во двата правца на страничните и на средните фудбалери, квалитетни проигрувања во завршното додавање, како и игра со малку допири на топката.
Имаше барање топка во празен простор и игра со многу централно, вертикално проигрување при високо и ниско поставена одбрана.
Заслужено финале. Англичаните и Италијанците покажаа константност и нѐ очекува интересeн финален дуел, во кој ќе гледаме тактичко надмудрување од агресивната и технички подготвена Англија, која сака посед на топката, но и Италија, која знае во секој момент од мечот да се адаптира од дефанзивна во офанзивна и која во бранови прави посед и е мошне опасна.

Горазд Михајлов

Авторот е македонски фудбалски тренер