Барса има за цел да ја привлече гол машината на Тотенхем, Хари Кејн за долгорочен наследник на ветеранот Луис Суарез, тврди „Ел Мундо Депортиво“.
Се очекува по крајот на сезоната Каталонците да упатат голема понуда за голгетерот на „петлите“ и да се обидат да го привлечат во своите редови.
Тренерот на шпанскиот гигант Ернесто Валверде смета дека треба да се најде релативно млад напаѓач, кој ќе го замени уругвајскиот ветеран, кој во 2019 година ќе наполни 32 години.
Од Тотенхем ќе побараат над 150 милиони евра, за да се разделат со Кејн, а уште не е јасно дали Барселона ќе биде подготвена да извади слична сума, но сигурно ќе има преговори меѓу двете страни.
Во оваа сезона Англичанецот има 13 натпревари, седум гола и асистенција за тимот од Лондон.