Најголемото дерби на шпанскиот фудбал ќе се игра на 18 декември. Барселона и Реал Мадрид требаа да играат за три дена, меѓутоа „Ел класико“ е одложено поради најавените протести во Барселона и нестабилната политичка ситуација во Каталонија.
Клубовите се договорија околу терминот, кој го потврди Фудбалската федерација на Шпанија.
Пред дербито Барселона ја очекуваат серија тешки натпревари, во првенството и во Лигата на шампионите.
На 27 ноември Барса ќе ја пречека Борусија Дортмунд, а четири дена подоцна ќе гостува кај Атлетико Мадрид. Потоа избраниците на Ернесто Валверде ќе ја пречекаат Мајорка (8 декември), а три дена подоцна им следува гостувањето во Милано, кај Интер.
Пред „Ел Класико“ Барселона ја очекува и гостување во Сан Себастијан и дуел со незгодниот Сосиедад (15 декември).