Барселона го претстави новото засилување Мемфис Депај, во екот на Европското првенство во фудбал.
Овој 27-годишен напаѓач, претходните четири и пол години ги мина во редовите на француски Лион, за кој постигна вкупно 76 гола на 178 натпревари на кои постигна 76 голови.
Тој моментно настапува за репрезентацијата на Холандија на Европското првенство, која утре во Амстердам ќе се сретне со Македонија, во мечот од третото коло на групната фаза.