Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, е смирен, и покрај обвиненијата за силување, упатени кон ѕвездата на „бјанконерите“ Кристијано Роналдо. Ањели зборуваше на оваа тема на состанокот на акционерите во италијанскиот шампион.
– Кога има проблеми, секогаш ги гледам луѓето во очи. Им поставувам некои прашања и тогаш си градам мислење. Исклучително мирен сум бидејќи зборував со него веднаш по излегувањето на случајот. Ја слушнав неговата позиција. Неговите дејства во деновите и неделите потоа ги потврдија моите првични чувства поврзани со случајот, прокоментира Ањели.
Минатиот месец, Кетрин Мајорга поднесе граѓанска тужба против Роналдо, велејќи дека била силувана од страна на Португалецот во хотел во Лас Вегас во 2009 година.
Полицијата продолжува со истрагата за случајот.
Португалскиот фудбалер ги негира обвинувањата на Мајорга.