Тимот на Ајнтрахт Франкфурт избори финале во фудбалскиот Куп на Германија по победата над Шалке со 1:0 остварена синоќа на теренот на противникот.
Стрелец на единствениот гол на средбата во Гелзенкирхен беше Лука Јовиќ во 75. минута.
Ајнтрахт го повтори минатогодишниот успех кога исто така се пласира во завршницата од националниот куп.
Негов противник во финалето закажано за 19 мај во Берлин ќе биде Баерн Минхен.
Интересно е тоа што Ајнтрахт е предводен од тренерот Нико Ковач кој во борбата за трофејот ќе се обиде со својот сегашен тим да го изненади тимот каде ќе работи од следната сезона.