Атлетико Мадрид го освои Суперкупот на УЕФА, откако со 4:2 го совлада градскиот ривал Реал Мадрид на натпреварот што се одигра во Талин, Естонија.
Атлетико поведе со 1:0 уште во првата минута со гол на Диего Коста, а Реал преку Карим Бензема во 27-та минута израмни на 1:1, резултат со кој се замина на паузата.
Во вториот дел капитенот Серхио Рамос успешно реализираше пенал во 63-та минута и донесе водство од 1:2 за Реал.
Во 79-та минута Диего Коста повторно се запиша на листата на стрелците и израмни на 2:2, а регуларниот дел од натпреварот заврши без победник.
По осум минути игра во продолжението Атлетико со голот на Саул Нигез стигна до ново водство од 3:2, a шест минути подоцна прецизен беше Хорхе Меродио Коке за конечните 4:2.
Реал пропушти шанса да го одбрани трофејот освоен минатата година во Скопје, кога со 2:1 го совлада Манчестер јунајтед.
Суперкупот на УЕФА е натпревар помеѓу победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа, две европски клупски натпреварувања организирани од страна на Унијата на европските фудбалски асоцијации .