Тимот од Лондон што го совлада Манчестер сити со 2-0, рекорден 21. пат ќе игра во финалето на натпреварувањето во кое е и најуспешен, со 13 освоени трофеи
ФУДБАЛ – АНГЛИЈА
Арсенал се пласира до финалето на англискиот фудбалски ФА-куп, совладувајќи го Манчестер сити со 2-0, со головите на Пјер-Емерик Обамејанг (вкупно 25 сезонава). Дуелот се играше на празниот стадион „Вембли“.
Микел Артета, менаџерот на Арсенал, го надмудри својот ментор и доскорешен шеф во Сити, Пеп Гвардиола, и сосема заслужено со „топџиите“ ќе игра за вредниот трофеј на 1 август против подобриот во второто полуфинале Челси – Манчестер јунајтед (играа синоќа). Арсенал е вистински специјалист за ова натпреварување во кое по рекорден 21. пат е во финалето е и најуспешен, со 13 освоени трофеи.
Арсенал ги елиминира актуелните победници на ФА-купот во претходните шест дуели. Како и на мечот против Ливерпул (2-1), Арсенал беше одлично организиран и се бранеше со сите сили и преку контранападите создаваше шанси од кои две искористи. Арсенал успеа да им стави и крај на поразите, седум во низа, од Сити со сите конкуренции, од 2017 година.
Фудбалерите на Арсенал упатија четири удари на голот на Сити и сите беа во рамките на голот. Манчестер сити упати само еден удар на голот, најмалку од април 2018 година во Лигата на шампионите против Ливерпул (0).