Македонецот Влатко Андоновски со победа ја почна кариерата како селектор на женската фудбалска репрезентација на САД. Под негово водство актуелните светски шампионки, во пријателски натпревар, ја победија Шведска 3:2.
Едно полувреме им беше потребно на Американките да ја покажат својата моќ. Во последните 15 минути од првото полувреме репрезентативките на САД постигнаа три гола. Двапати голот на Шведска го погоди Лојд, а еднаш Прес.
Во второто полувреме, кога селекторите изврија неколку промени, Швеѓанките намалија на 3:2.
Во финишот Лојд имаше можност да го постигне својот трет гол, меѓутоа таа не успеа да реализира пенал.