Со денешните осум меча во групите Е, Ф, Г и Х во Лигата на шампионите (ЛШ) ќе биде заокружено второто коло од елитното европско клупско фудбалско натпреварување. Дербито е во Барселона, каде што истоимениот шпански клуб го пречекува Интер од Италија.
Според медиумите, неизвесен е настапот на Аргентинецот Лионел Меси за домашниот тим, пред денешниот меч со тимот од италијанската Серија А, кој е еден од неколкуте што не прими гол од Меси на европски меч, во куповите на УЕФА (на три дуела, а другите се Атлетико на четири меча, Бенфика на два, Рубин на четири и Удинезе на еден натпревар), пишува на интернет-страницата УЕФА.
Според податоците, Меси досега одиграл мечеви во Лигата на шампионите против 40 тима од 16 земји.
Барселона и Интер ремизираа во 1-то коло од новата сезона на Лигата на шампионите (шпанскиот тим 0-0 против Борусија на гости, а италијанскиот 1-1 со Славија дома), со тоа што Каталонците му се благодарни на голманот Марк-Андре тер Штеген за нивниот бод од мечот во Дортмунд со германскиот прволигаш Борусија, пишува УЕФА.