Во последните 10 години победувале екипи од Шпанија, Англија и од Португалија
Во Лига Европа (ЛЕ) во рамките на фајналејт-турнирот вечерва и утревечер ќе се одиграат четирите четвртфинални натпревари. Домаќин на турнирот е Германија, односно, четирите града, Гелзенкирхен, Диселдорф, Дуисбург и Келн, пред празни трибини.
Најуспешна екипа во ЛЕ/Куп на УЕФА е Севилја со рекордни пет триумфи, Интер победувал трипати, Манчестер јунајтед, Баер и Шахтар по еднаш. Овие тимови се сметаат за фаворити за освојување на трофејот и годинава, плус Вулверхемптон, иако не смеат да се отпишат ни другите со оглед на тоа дека се игра само по еден меч.
Во последните 10 години во ЛЕ победувале екипи од три земји, од Шпанија, Атлетико и Севилја (по трипати), од Англија, Челси (двапати) и Манчестер јунајтед (еднаш) и од Португалија, Порто (еднаш).
ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ
ПОНЕДЕЛНИК, 10 август
Maнчестер Ј. – Копенхаген
Интер – Баер Л.
ВТОРНИК, 11 август
Шахтар – Базел
Вулверхемптон – Севилја