Левандовски со Баерн победи во ЛШ, Бундес-лигата и во Купот на Германија и во сите натпреварувања беше прв стрелец. Роналдо постигна 37 гола во сите натпреварувања во сезоната 2019/2020, во која Јувентус ја освои осмата титула. Меси беше најдобар стрелец и асистент во Ла лига

ФУДБАЛ

Аргентинецот Лионел Меси од Барселона, Португалецот Кристијано Роналдо од Јувентус или Полјакот Роберт Левандовски од Баерн денеска ќе го добие признанието за најдобар фудбалер во 2020 година што го доделува Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Левандовски имаше одличната сезона со Баерн, која вклучува освојување на Лигата на шампионите (ЛШ), триумф во Бундес-лигата, во Купот на Германија и во сите натпреварувања беше прв стрелец. Роналдо постигна 37 погодоци во сите натпреварувања во сезоната 2019/2020, во која Јувентус ја освои осмата титула во Серија А. Меси беше најдобар стрелец и асистент во Ла лига, но Барселона не ги освои титулата и Купот на Шпанија.
ФИФА организира избор на најдобрите од 1991 година (од 1991 наградата се викаше „Фудбалер на годината на ФИФА“, од 2010-та „ФИФА златна топка“, а од 2016 „ФИФА најдобар“).
Досега Меси, ланскиот лауреат, има шест вакви признанија, К. Роналдо има пет, Зинедин Зидан и Роналдо по три, две има Роналдињо, а по едно Лука Модриќ, Луис Фиго, Ромарио, Џорџ Веа, Роберто Баџо, Ривалдо, Лотар Матеус, Марко Ван Бастен, Фабио Канаваро и Кака.
Виртуелната церемонија на прогласувањето на најдобрите во светот на фудбалот за сезоната 2019/2020 ќе се одржи вечерва во Цирих (Швајцарија), седиштето на ФИФА. 


ДОСЕГАШНИ ПОБЕДНИЦИ

Лионел Меси 6
Кристијано Роналдо 5
Зинедин Зидан 3
Роналдо 3
Роналдињо 2
Лука Модриќ 1
Луис Фиго 1
Ромарио 1
Џорџ Веа 1
Роберто Баџо 1
Ривалдо 1
Лотар Матеус 1
Марко Ван Бастен 1
Фабио Канаваро 1
Кака 1
од 1991 г. наградата се викаше „Фудбалер на годината на ФИФА“, од 2010-та „ФИФА златна топка“, а од 2016 „ФИФА најдобар“