Европската фудбалска унија (УЕФА) инсистира дека не размислува за какви било измени во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите (ЛШ).
– УЕФА никогаш не размислувала да им го одземе правото на националните шампиони да се обидат преку квалификациите да си обезбедат настап во групната фаза на ЛШ.
Сакаме да разјасниме дека во моментов само го следиме развојот на ситуацијата и евентуалното, потенцијално влијание врз форматот на квалификациските рунди за клупските натпревари следната година. Засега не постојат никакви специфични опции за форматот на квалификациите – се вели во соопштението на УЕФА.