Европската фудбалска унија (УЕФА) одржа видеоконференција со националните асоцијации, на која разговараше за теми поврзани со рестартирање на натпреварувањата, како и за тоа кога и како да се вратат навивачите на стадионите.
Засега нема официјални најави за тоа кога на навивачите би им било дозволено да се вратат на стадионите, но УЕФА, која внимателно го разгледува тоа прашање, закажа нов состанок за средината на месецов.
– УЕФА и генералните секретари на 55-те национални здруженија се свесни дека е многу важно навивачите да се вратат во стадионите, но ситуацијата во Европа засега е многу комплицирана. Ние ја следиме ситуација во различни земји и кон средината на август планираме нов преглед на состојбата за да видиме дали сегашната одлука за играње натпревари зад затворени врати може барем делумно да се промени – истакнуваат од УЕФА.
На состанокот беше дискутирано и за меѓународните натпревари во септември за кои УЕФА вели дека „можноста за играње натпревари на неутрални стадиони не може да се отфрли во оваа фаза“.