Македонскиот фудбалски репрезентативец, Иван Тричковски кој е член на кипарски АЕК Ларнака сам, среде Софија со 4 гола го потопи бугарски Левски во реванш натпреварот од квалификациите за групната фаза за Лига Европа.
Тричковски беше стрелец за сите голови за својот тим во гостинската победа со 0-4 (првиот меч на Кипар исто така го доби АЕК со 3-0). Македонскиот фудбалер прецизно стрелаше во мрежата на Левски во 8 минута (од пенал), во 29, 75 и во 82 минута.
И минатата сезона Тричковски беше меѓу најзаслужните што АЕК Ларнака се пласираше во групната фаза од ЛЕ.
За победничката екипа, цел натпревар одигра и поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Даниел Мојсов.