Играчот од средниот ред на Барселона, Денис Суарез се согласи да се пресели во Арсенал во овој трансфер прозорец.
Британскиот весник „Мирор“ тврди дека 25-годишниот халф е решен да го напушти „Камп Ноу“ сега, за да ја заживее својата кариера, која дефинитивно е во стагнација. Од неговото опкружување се убедени дека Барса и Арсенал лесно ќе постигнат договор.
„Мирор“ очекува Суарез да премине на „Емирати“ до крајот на сезоната, а Арсенал ќе може да го откупи за износ од околу 15 милиони фунти.
Англискиот гигант не е во можност да направи големи трансфери во јануари поради ограничувањата на финансискиот фер-плеј.